Топлински Пумпи

Топлинските пумпи користат инвертер технологија,која овозможува прецизна контрола врз брзината на
моторот,осигурувајќи дека се користи само енергијата која целосно се совпаѓа со реалното оптоварување.

Топлински пумпи

Единиците на топлинската пумпа се способни да го искористат околниот воздух и таа топлина да ја пренесат
во затворените простории за греење на просторот и за топла вода во домот.

Фаза 1

Како што разладно средство поминува низ експанзиониот вентил и се шири, неговата температура и притисок
се намалуваат.

Фаза 2

Бидејќи температурата на разладното средство е пониска од температурата на околината, топлината
поминува од воздухот до разладното средство во изменувачот на топлина и разладното средство испарува.

Фаза 3

Кога пареата на разладното средство поминува низ компресорот, притисокот на разладното средство се
зголемува и температурата се зголемува и е над онаа на водата во системот.

Фаза 4

Како што поминува пареата низ водната страна на топлинскиот изменувач таа ја загрева водата во
системот,што потоа ја носи до единиците за греење или до резервоарот за топла вода. Разладното средство
се лади и кондензира и потоа е подготвено да се врати во експанзиониот вентил и да го започне повторно
истиот круг.

Топлински пумпи

Супер исплатлива инвестиција

Помалку забележлива, потивка и лесна за контрола
01

Прецизната контрола на вртежите на компресорот обезбедува одржување на температурата на водата во многу
помал опсег.

02

Брзо стартување на мотор
Инвертер технологијата овозможува брзо да се постигне бараниот комфор.

03

Висока ефикасност и широк температурен опсег на работа
А-серијата нуди 100% капацитет и на температури до -10°С,благодарение на големата површина топлинскиот изменувач
и големиот компресор.

04

Двојниот ротирачки компресор троши 30%
помалку енергија во однос на
традиционалните скрол
компресори,овозможувајќи прецизна контрола
и намалување на нивото на бучавост